8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалните инвестиции во деловен имот падна за 29% во првата половина

Глобалните инвестиции во деловен имот падна за 29% во првата половина

Влијанието на пандемијата на новиот коронавирус – ковди-19 се чувствува и на глобалните пазари на недвижности, а во првата половина од годината обемот на инвестиции во секторот падна за скоро една третина на глобално ниво, се вели во анализата на консултантската компанија „JLL“.

Директните инвестиции во деловен имот се намалија за 29% во светски рамки или на 321 милијарди долари во првите шест месеци од 2020-та година во однос на претходниот период, според „JLL“.

Падот доаѓа во услови на распространети блокади и патните ограничувања кои влијаат на плановите за краткорочни капитални инвестиции.

„Прекуграничните инвестиции значително забавија со патните ограничувања, особено меѓурегионалната инвестиција, која падна за 61 процент во вториот квартал. Оние пазари што се повеќе зависни од странскиот капитал доживуваат посилни опаѓања на активноста“, рече Шон Коулан, шеф на одделот за истражување на пазарите на капитал во „JLL“.

Обемот на инвестиции во Америка бележи најголем полугодишен пад – 37 проценти на годишно ниво. Волуменот во азиско-пацифичкиот регион се намали за 32%, а во Европа, Блискиот исток и Африка за 13%. Послабиот пад во Европа се должи на трансакциите пред воведувањето ограничувања за контрола поради вирусот, објаснуваат од компанијата.

Локализираната природа на пандемијата создаде јасна разлика помеѓу пазарите и очекувањата за закрепнување на инвестициската активност до крајот на 2020-та година, тие ќе бидат различни, посочуваат консултантите.

„Активностите во САД и Европа ќе продолжат да бидат слаби во наредните месеци. Сепак, расположението на инвеститорите се подобрува и плановите за трансакции се опоравуваат“, додаваат од компанијата.

Податоците исто така покажуваат дека растот на прибирање средства од приватни фондови за недвижнини се забавува за 26% за првото полугодие во однос на истиот период од претходната година. Сепак, капиталот насочен кон секторот останува во изобилство, а сегментите од деловна сопственост од прва класа ќе бидат со најголеми бенефиции во иднина.

„Инвеститорите во приватниот капитал исто така остануваат активни и бараат можности за дислокација“, рече Колан.

Фокусот на синџирите на снабдување и растот на е-трговијата за време на блокадата предизвика поголем интерес за глобалниот логистички сектор. Ова влијае на инвестициската активност, бидејќи во првата половина од годината обемот на инвестиции во секторот се намали за само 13% наспроти позадината на падовите во малопродажниот простор, кој достигна над 30%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП