Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,600.00 0.8%    GRNT 1,004.96 0.09%    KMB 6,887.53 1.96%    MTUR 3,900.00 -2.5%    STB 1,168.00 -1.21%    TTK 1,350.00 2.27%    UNI 2,400.00 0%    ZPKO 2,575.00 3%    

МБА: Банкарскиот систем е сигурен и стабилен, ниту една друга банка не е изложена на ризик

Време: 14:10

Датум: август 13, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Ниту една друга банка не е изложена на ризик што може да се одрази на нарушување на нејзината стабилност и солвентност. Банкарскиот систем се одликува со исклучително прудентно работење и отпорност на шокови, соопшти денеска Македонската банкарска асоцијација (МБА) во врска со одлуката на Народната банка да ја укине дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје.

Според МБА, утврдените слабости во работењето на „Еуростандард банка“ АД Скопје, за кои беше известено при соопштување на укинувањето на дозволата за нејзино работење, не ги отсликуваат карактеристиките на банкарскиот систем кој е сигурен, стабилен и солвентен.

-Показателите недвосмислемо укажуваат дека банкарскиот систем е во одлична кондиција, способен да одговори на потребите на населението и компаниите, а таа стабилност се согледува преку тоа што располага со високо ниво на ликвидност, при што ликвидната актива покрива близу 60 отсто од депозитите на домаќинствата, квалитетот на сопствените средства е исклучително висок и доминантен дел од нив од околу 90 проценти се од редовниот основен капитал, како најквалитетен слој од сопствените средства на системот, а солвентноста на системот континуирано е двојно повисока од законскиот минимум од осум отсто, при што според првичните расположливи податоци со состојба на 30 јуни 2020 година, стапката на адекватност на капиталот изнесува 17 проценти, наведува МБА.

Овие показатели, уверува Македонската банкарска асоцијација, обезбедуваат сигурност на депозитите на населението и правните лица.

-Депозитите во сите банки и штедилници се сигурни, а како и досега банките и штедилниците ќе продолжат со проширување на понудата на депозитни производи, следејќи ги современите трендови и потребите на клиентите, нагласува МБА и информира дека во рамки на можностите сите банки и штедилници максимално ќе се заложат да одговорат на потребите и барањата на физичките и правните лица кои биле клиенти на „Еуростандард банка“ АД Скопје за да продолжат непречено да ги користат банкарските услуги и производи.

-Сите банки и штедилници се на располагање за да обезбедат брза, квалитетна и ефикасна банкарска услуга, како во однос на отворањето сметки, така и за обезбедување производи за штедење или пак доколку е потребно за рефинансирање на обврските по основ на кредитни производи на клиентите на „Еуростандард банка“ – АД Скопје кои редовно ги подмирувале своите кредитни обврски. Фондот за осигурување на депозити располага со доволно средства и соодветно ќе започне постапка за обештетување на осигурените депозити, наведува МБА.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Меси кон Суарез: Не заслужи да се однесуваат така со тебе

    Меси кон Суарез: Не заслужи да се однесуваат така со тебе

    Капитенот на Барселона, Лионел Меси преку социјалните мрежи денес се прости од својот поранешен соиграч Луис Суарез, со кого е голем пријател. – Кога денес…

  • ГРЕКО цени дека Македонија напредува во борбата со корупцијата

    ГРЕКО цени дека Македонија напредува во борбата со корупцијата

    Новиот извештај на ГРЕКО нотира напредок во борбата со корупцијата во Македонија. „Ја напуштивме групата на глобално незадоволителни држави. Ова е голем упех за нас…

  • Нашиот северен сосед Србија со просечна плата од над 511 евра

    Нашиот северен сосед Србија со просечна плата од над 511 евра

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека со гордост може да им каже на граѓаните дека просечната плата во јули, среде пандемија на коронавирусот беше…

  • ФИТР и УНДП потпишаа договор за дигитализација на општините – пилот фаза

    ФИТР и УНДП потпишаа договор за дигитализација на општините – пилот фаза

    Фондот за иновации и технолошки развој и УНДП (Програма за развој на Обединетите Нации) ќе работат на дигитализација на услугите што ги нудат општините за граѓаните. Проектот…

  • Насмеаните луѓе живеат подолго и заработуваат повеќе

    Насмеаните луѓе живеат подолго и заработуваат повеќе

    Истражувањата покажуваат дека луѓето кои повеќе се смеат живеат подолго, заработуваат повеќе и другите повеќе им веруваат. Луѓето кои искрено се смеат им испраќаат порака…

  • Онлајн продавницата „Митра“ слави прв роденден со виртуелен „Митрафест“

    Онлајн продавницата „Митра“ слави прв роденден со виртуелен „Митрафест“

    Македонската онлајн продавница „Митра“ прославува една година постоење. По повод роденденот, а истовремено почитувајќи ја моменталната здравствена ситуација, „Митра“ го организира виртуелниот музички фестивал  „Митрафест“ на…

  • Шкендија загуби, но беше достоен ривал на Тотенхем

    Шкендија загуби, но беше достоен ривал на Тотенхем

    Последниот македонски претставник во фудбалските евро-купови за оваа сезона, тимот на Шкендија, вечерва загуби од Тотенхем со 1:3 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.…

  • Битола Старт-Ап Центар локално ќе креира и спроведува мерки за вработување

    Битола Старт-Ап Центар локално ќе креира и спроведува мерки за вработување

    Проектот Битола Старт-Ап Центар како локално партнерство за вработување кое вклучува соработка на јавни институции, академија, приватен сектор и невладини организации со своите капацитети ќе креираат и…

  • Се крчкаат нови правила, дозвола за градба само доколку објектот се приклучи на системот за парно греење!

    Се крчкаат нови правила, дозвола за градба само доколку објектот се приклучи на системот за парно греење!

    Регулаторната комисија за енергетика поднесе барање до Министерството за транспорт и врски со кое се бара да се промени законот за градба и да се…

  • Награди за најдобрите на Европскиот квиз на парите

    Награди за најдобрите на Европскиот квиз на парите

    Македонската банкарска асоцијација, Народната банка и Комисијата за хартии од вредност ги наградија учениците со најдобри резултати на Европскиот квиз на парите и нивните ментори…