25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеколку начини за зголемување на самодовербата

Неколку начини за зголемување на самодовербата

Самодовербата е прекрасна особина, ако ја поседувате. Таа ви е сојузник кога сакате да се претставите блескаво на интервју за работа или да му се спротивставите на шефот.

Секој од нас може да си ја зголеми самодоверабата, еве како:

Откријте ги вашите добри особини и способности. Самодовербата треба да биде стимулирана и засилувана постојано. За да го направите тоа, потребно е да ги знаете вашите способности и добри особини. Тоа пак можете едноставно да го постигнете со една мала вежба. Напишете ги на лист дваесетте најдобри особини и способности кои ги имате (интелектуални, емоционални, физички). Потоа, до секоја од нив напишете која ви помогнала да постигнете успех. Пример: многу сум зборлеста, тоа ми помага секогаш лесно да се вклопувам во разговор и да запознавам многу нови луѓе.

Убедете се дека можете да научите и да направите се. Самодовербата не значи да успевате во се и да знаете што да правите во секоја ситуација, а значи да мислите дека сте способни да научите и да направите нешто што ви е потребно. Вашето мото треба да биде: „Ако не знам како да го направам, можам да научам“. Кога пред вас ќе биде поставена нова задача, ако не знаете како да се справите – не се предавајте. Не го прифаќајте тоа како пораз и тргнете во потрага по решение. Бидете убедени дека можете да научите и насочете се кон тоа.

Избегнете го животот по шаблон. Многу често си создаваме наши мали ритуали како чистењето во недела или излегувањето во сабота вечер. Овие навики се потполно нормални и сигурно ви е удобно да ги имате. Но, кога ќе се појави некоја нова прилика, која можеби ќе го наруши овој шаблон, возможно е да не се чувствувате удобно да ја прифатите. Запрашајте се што сакате и бидете отворени за нови нешта. Ако ви понудат работа во нов град, не се плашете да ја прифатите.

Истакнете се. Многу често потсвесно се обидуваме да бидеме дел од толпата, затоа што се плашиме да ни судат другите или да не одбегнуваат. Дистанцирајте се од тоа што мислат другите. Изразете ја вашата индивидуалност. Дали тоа ќе биде преку облеката, музиката која ја слушате или вашето мислење – не е важно. Не бидете дел од толпата, за да бидете различни и специјални.

Искажете го вашето мислење. Ако секогаш се согласувате со мислењето на другите, дури и кога вие сте на сосема друго мислење, тоа значи дека се плашите дека нема да им се допаѓате на другите луѓе ако застанете на спротивната страна. Кога ваш колега ќе даде убава идеја која е прифатена од сите, а вие сметате дека има многу негативни страни, не се плашете да го кажете вашиот став. Кога веќе еднаш ќе застанете на спротивната страна, ќе забележите дека луѓето ќе ве ценат повеќе, затоа што сте застанале зад своите убедувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП