23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОграничена серија на Nissan GT-R наречена Opal

Ограничена серија на Nissan GT-R наречена Opal

Nissan-GT-R-Midnight-Opal-1

Станува збор за нова ограничена серија на култниот јапонски автомобил, а привилегијата овој модел да го паркираат во својата гаража ќе имаат само 100 луѓе.

Тоа што засега го знаеме за овој автомобил е дека доаѓа со нова боја наречена „Midnight Opa“, за која во компанијата тврдат дека го прави автомобилиот да изгледа „жестоко“, а во зависност од аголот под кој се гледа бојата варира од виолетова до сина.

Сите „Opal“ модели доаѓаат со заден спојлер направен до јаглеродни влакна, уникатни алуминиумски фелни и посебна ознака за нумерација на златна плочка поставена во близина на моторот.

Кога веќе говориме за моторот, „Nissan GT-R Opal“ ќе го придвижува 3.8-литарски V6 агрегат со два турбо компресори кои произведуваат 545 KS и 630 Nm вртежен момент. Од вкупно 100 произведени примероци дури 50 ќе се најдат на американскиот пазар.

Цената доликува на вака ексклузивната серија и изнесува нешто повеќе од 85.200 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП