7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонски железници го обновува возниот парк

Македонски железници го обновува возниот парк

kina-testira-voz-koj-shisha-so-500-km-na-chas-68365

Македонски железници ќе го обнови возниот парк со нови товарни и патнички вагони со што се очекува подобрување на услугите и зголемување на превозот на патници и стоки.

Јавниот повик за набавка на нови 150 товарни вагони веќе е објавен, а за патничките се очекува да биде објавен во текот на август. Средствата се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, а проценетата вредност на инвестицијата е 50 милиони евра од кои за товарните вагони се очекува да бидат потрошени 15 милиони, за патничките 25 милиони и 10 милиони за рехабилитација на локомотивите.

Од вкупно 150-те товарни вагони, 75 ќе бидат наменети за контејнерски превоз, а останатите за превоз на руда, јаглен и слично. Понудите за овие вагони треба да бидат доставени до 10 септември по што ќе следува периодот на евалуација и потпишувањето на договорот до крајот на годината. Новите товарни вагони се очекува да пристигнат во текот на следната година.

– Двата типа вагони се избрани да одговараат на стопанските трендови во Република Македонија, но и на регионалниот пазар на транспорт и услуги, при што ги задоволуваат сите стандарди на Европската унија. Со ваквиот чекор, Македонски железници – Транспорт ќе го зголеми својот возeн парк и ќе ја зголеми можноста за превоз на поголеми количини стока, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната прес-конференција.

Јанакиески очекува со инвестициите во железничката инфраструктура, за што во изминатиот период беа потпишани неколку договори, и со набавката на новите вагони да им се излезе во пресрет на потребите на корисниците на овој вид сообраќај.

– Идејата е стара и започната од 2008 година кога имаше поголем економски раст во Република Македонија. Во моментот многу се застарени вагоните и неопходна е нивна замена. Со набавката очекуваме да ги задоволиме потребите пред се на македонските компании, но ќе може да вршиме и транзитен транспорт. Во делот на патничкиот сообраќај се очекува за околу 40 проценти замена на вагоните, појасни министерот Јанакиески.

Директорот на Македонски железници – Транспорт, Оливер Дерковски  очекува дека со набавката на новите товарни и патнички вагони ќе се зголеми транспортот на стока и бројот на патници кои ќе ги користат услугите на железници. Тој нагласи дека поради набавката на новите вагони нема да има корекција на цената на услугите на Македонски железници.

Во првиот квартал од годинава во споредба со истиот период минатата година забележано е мало зголемување на превозот на стока и на патници во железничкиот сообраќај

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП