20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Brabus“ направи пикап од „G-Class“ за 400.000 евра (ВИДЕО)

„Brabus“ направи пикап од „G-Class“ за 400.000 евра (ВИДЕО)

Германското студио „Brabus“ го претстави својот последен проект – пикапот „700 Adventure XLP“, изграден врз основа на моделот „Mercedes-AMG G63“.

Возилото е многу слично на она што беше прикажано на почетокот на годината „Brabus 800 Adventure XLP“, разликата е претежно во перформансите на „V8“ моторот со зафатнина од 4,0 литри и двата турбополначи. Индексот во името ја означува неговата моќност – 700 ks. (Максимален вртежен момент од 950 Nm).

Во „Brabus 800 Adventure XLP“, моторот развива 800 ks (1000 Nm), а стандардниот „Mercedes-AMG G 63“ се потпира на истата единица, но со 585 ks. (850 Nm).

Пикапот „700 Adventure XLP“, како и „800 Adventure XLP“ доби подобрена шасија. Клиренсот од земја е зголемен на 490 mm, а должината на „SUV“ моделот е зголемена ма 5.310 mm. Ова е за 689 mm повеќе од стандардниот модел. Ширината е исто така поголема за 116 mm.

Зголемувањето на растојанието од земја е постигнато благодарение на новите мостови на суспензијата. Пикапот е опремен и со 22-инчни тркала со гуми „Pirelli Scorpion ATR“ (големина 325/55 R 22). Најимпресивна, сепак, е цената на моделот – 389.831 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП