6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗасега нема воведување на ПЦР тестови за граѓаните кои транзитираат низ Македонија

Засега нема воведување на ПЦР тестови за граѓаните кои транзитираат низ Македонија

Засега нема одлука за воведување на ПЦР тестови за граѓанитекои транзитираат низ Македонија.

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести беше разгледана информацијата за воведување на тестови при транзит на граѓаните од ризичните земји.

Од Комисијата велат дека ќе продолжат будно да ја следи ситуацијата и доколку се утврди дека има потреба, не се исклучени дополнителни мерки.

Со постојните мерки, граѓаните кои транзитираат низ земјава потпишуваат изјава дека за 3 часа ќе ја напуштат земјата и не претставуваат опасност за ширење на коронавирусот во нашата земја.

Темата со ПЦР тестовите беше начната на состанокот, по веста за авионот што изминатата сабота летал од Скопје за Финска со 24 патници, кои биле позитивни на ковид-19. Најголем дел од патниците, односно 95 лица што патувале од Скопје до Финска биле косовски државјани, и лица што имале фински документи, а само двајца летале со македонски пасош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП