25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската вакцина ги „нокаутираше“ цените на златото и среброто?

Руската вакцина ги „нокаутираше“ цените на златото и среброто?

Цените на скапоцените метали забележаа драстичен пад на азиските пазари во текот на минатата вечер.

Ова се должи на закрепнувањето на апетитот за ризик по охрабрувањето на економските податоци и надежите за нов американски пакет за стимулации во САД што го туркаа индексот „S&P500“ близу до рекордно ниво.

Цената на златото падна за дури 5,2 проценти, на 1.921,50 долари за унца, што е најголем еднодневен пад за седум години и далеку под рекордното ниво забележано во петокот од 2.072,50 долари, пренесува „Reuters“.

Другите скапоцени метали исто така паднаа нагло, при што среброто „потона“ за дури 13,8 проценти, најмногу во еден ден од октомври 2008-ма година. На крајот на тргувањето, цената на среброто падна за 13,4% на 25,24 долари за унца.

Вредноста на платина падна за 4,7 проценти, на 940,08 долари, а цената на паладиумот падна за истиот процент на 2.116,33 долари за унца.

„Ова е мини удар. Не можеме да ги игнорираме утринските насловни страници за потенцијалната руска вакцина, така што оптимизмот на инвеститорите за инвестирање во акции на компании штотуку продолжи“, рече Едвард Мора, постар аналитичар во брокерската куќа „Oanda“.

На американскиот фјучерски пазар цената на златото падна за 4,6 проценти утрово, на 1.946,30 долари за унца.

Подобри од очекуваните економски податоци во Соединетите држави влијае да се забрза продажбата на „жолтиот метал“, вели Едвард Мора, но тој додава дека изгледите за злато се уште силни.

Цените на производителите во САД се зголемија повеќе отколку што се очекуваше во јули, а генералниот индекс „S&P“ достигна рекордно високо ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП