27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEricsson: Резултатите под притисок на еднократните трошоци, приходите стагнираа

Ericsson: Резултатите под притисок на еднократните трошоци, приходите стагнираа

er1

Водечкиот производител на опрема за мобилни телефони во светот, шведската компанија „Ericsson“, извести денес дека оперативната добивка во второто тромесечје и се намалила поради еднократните трошоци и стагнирањето на приходите.

Добивката пред каматата и данокот изнесувала 2,5 милијарди шведски круни (379,66 милиони евра) во периодот од април до јуни и се намалила за 24 проценти во однос на истиот период лани.

Приходите се задржале на минатогодишното ниво, од 55,3 милијарди круни, ако се земат во предвид и заедничките инвестиции. Бруто маржата исто така останала речиси непроменета и изнесувала 32,4 проценти, во однос на минатогодишните 32 проценти.

На резултатите негативно влијаел еднократниот трошок за продажба на имотот во износ од 900 милиони круни. Како позитивен фактор се издвојува 8-постотниот раст на продажбата во клучниот оддел за мобилни мрежи, прилагоден за влијанието на девизните курсеви, сигнализирајќи го бавното закрепнување.

Секторот на производителите на опрема за мобилни телефони веќе долго време го притиска жестоката и евтината кинеска конкуренција. „Ericsson“ го помина најлошото но не успева да оствари значителен пораст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП