19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите ја „освоија“ Турција: Во неделата слетале повеќе од 20.000 туристи само...

Русите ја „освоија“ Турција: Во неделата слетале повеќе од 20.000 туристи само на еден аеродром

По договорот меѓу Турција и Русија за повторно воспоставување летови меѓу двете земји, голем бран руски туристи се упатија кон Анталија.

Летовите кон Муглу, Бодрум и Даламан започнаа во недела, а за Истанбул од 1 август. Според податоците на авијациските власти, во неделата 20.000 руси слетале на аеродромот во Анталија.

Генералниот директор на аеродромот, Денис Варола, планира покрај 80-те летови од Русија, да воспостави уште 20 летови од Германија, Украина и Велика Британија.

Минатата година Турција беше една од најпопуларните земји во Русија, па во 2019 година прими скоро 7 милиони руски туристи, од кои 6 милиони летувале во Анталија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП