23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Кинеската економија на пат да ги надмине зацртаните цели во 2013...

ММФ: Кинеската економија на пат да ги надмине зацртаните цели во 2013 година

kina5

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека кинеската економија е на пат годинава да оствари раст од 7,75 проценти, што е повисоко од самата  проценка на владата во таа земја и актуелниот раст од 7,6 проценти во првата половина од оваа година.

Според соопштението на ММФ, перспективите за раст на втората најголема светска економија ги загрозуваат растечките внатрешни проблеми во финансискиот, фискалниот и секторот на недвижности.

ММФ сепак, се уште очекува дека кинеската економија ќе напредува со темпо од 7,75 проценти оваа година, „без оглед на скромниот раст во првиот квартал и благодарение на тоа што силната домашна побарувачка ќе ги неутрализира слабостите во надворешното опкружување“.

Кинеската економија, клучниот двигател на глобалната економија, минатата година порасна за 7,8 проценти, што е најбавното темпо од 1999 година.

ММФ го поздрави континуираниот кинески економски раст и пригушената инфлација, но ја повика владата да ги ограничи ризиците за финансиската стабилност преку задржување на растот на кредитирањето и на нетрадиционалните начини на кредитирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП