28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрциja воведe нови мерки: бројот на луѓе што можат да ја преминат...

Грциja воведe нови мерки: бројот на луѓе што можат да ја преминат границата ограничен на 750

Од 16 август, од граничниот премин Какавија ќе можат да влезат само 750 лица дневно.

Одлуката е донесена по неодамнешното зголемување на бројот на случаи на коронавирус во земјата и ќе стапи на сила на 16 август, објави грчката влада.

Не се споменува граничниот премин Промахонас, како и отворањето на границата за нашите граѓани.

Посетителите кои доаѓаат во Грција од Шведска, Белгија, Шпанија, Холандија и Чешка треба да имаат доказ – тест дека се негативни на коронавирусот.

Грчката влада соопшти дека истото ќе биде потребно за сите посетители кои влегуваат во Грција преку нејзините копнени граници, вклучувајќи ги и грчките државјани кои се враќаат дома.

Владата забрани јавни собири, вклучувајќи шоу-емисии и концерти.

Исто така, беше соопштено дека рестораните и баровите на Крит, во Солун, на Халкидики, Миконос, Парос, Санторини, Антипарос, Закинтос и Кос не можат да работат помеѓу полноќ и 7 часот.

Забраната може да се прошири и во други области, во зависност од еволуцијата на епидемиолошките податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП