18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19, Путин: Вакцината ја прими и...

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19, Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против корона.

Според руската новинска агенција ТАСС, Путин го најави ова на состанокот со членовите на руската влада.

„Колку што знам, првата вакцина против коронавирус во светот е регистрирана утрово“, рече Путин.

ТАСС исто така објави дека една од ќерките на Путин била прва што се вакцинирала против коронавирусот.

Изјавата на Путин ја пренесе и АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП