26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Прага за 94,9 отсто помалку ноќевања отколку во истиот период лани

Во Прага за 94,9 отсто помалку ноќевања отколку во истиот период лани

Чешката престолнина Прага, забележа невиден пад на бројот на ноќевања во второто тримесечје од оваа година, соопшти државниот завод за статистика – ССУ.

Бројот на ноќевања во Прага е за 94,9 отсто помал во однос на истиот период минатата година, како резултат на пандемијата на коронавирус.

На државно ниво, ситуацијата е само малку подобра, така што бројот на ноќевања паднал за 82,9 проценти.

Чешката влада на премиерот Андреј Бабиш ги затвори границите за странските туристи од средината на март до почетокот на јуни за да го спречи ширењето на коронавирусот.

Историскиот центар на Прага е на листата на светско наследство на УНЕСКО од 1992 година и привлекува околу осум милиони туристи годишно, претежно странци.

Меѓу другото, тој е познат по своите пабови и знаменитости како што се замокот и Карловиот мост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП