28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОли Рен ги отфрли предлозите за распуштање на „тројката“

Оли Рен ги отфрли предлозите за распуштање на „тројката“

ren1

На Европа и е потребно здруженото знаење на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Европската централна банка (ЕЦБ) и Европската комисија (ЕК), изјави денес еврокомесарот за економска политика Оли Рен, отфрлувајќи ги предлозите за распуштање на „тројката“.

„Тројката е формирана во 2010 година на иницијатива на членките на еврозоната, како клучен елемент на нашиот одговор на кризата со која се соочи Грција“, потсети Рен во одговорот на прашањето на Ројтерс, кој беше доставен по електронска пошта.

„Ниту една од овие ситуации не е лесна“, нагласи Рен, алудирајќи на програмите за помош на Грција, Португалија, Ирска и Кипар, каде учествува „тројката“. „Токму затоа е уште поважно да се потпреме на здруженото и меѓусебното знаење на трите институции“, додаде тој.

Оваа недела еврокомесарката на ЕУ за правда Вивиан Рединг побара распуштање на тројката, која според нејзиното мислење „го дала своето“ и дека на ЕУ повеќе не и е потребна помошта на ММФ при решавањето на проблемите.

Рен повторно истакна дека тимовите од овие три институции добро се надополнуваат „во многу предизвикувачки ситуации“. За евентуални промени во нивната работа може да се говори исклучиво во иднина, нагласи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП