19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија планира да ги отстрани тарифите за увоз на јапонски автомобили

Велика Британија планира да ги отстрани тарифите за увоз на јапонски автомобили

Велика Британија е решена да ги укине тарифите за увозот на јапонски автомобили до 2026-та година, како дел од трговскиот договор што двете земји сакаат да го склучат до крајот на месецот, соопшти „Nikkei“ во неделата.

Царинскиот договор е во согласност со постојниот договор на Јапонија со Европската унија (ЕУ) за давачки за автомобили, потсетува „Bloomberg“.

На веста, која ја сподели „Nikkei“, претходеше средба меѓу јапонскиот министер за надворешни работи Тошимитсу Мотеги и британската министерка за трговија Елизабет Трус минатата недела во Лондон.

По „Brexit“, двете земји брзаат да го заменат британскиот дел од трговскиот договор меѓу Јапонија и ЕУ пред крајот на преодниот рок за преговарање за условите за излез на Велика Британија од блокот на крајот на годината. Неуспехот да се создаде нова рамка до тогаш ќе значи повисоки тарифи од 2021-ва година.

Двете земји разговараат и за британскиот извоз на сирење, со тоа што Велика Британија се обидува да ја прошири квотата за пониски тарифи договорени меѓу Јапонија и ЕУ, додека Јапонија сака да го задржи статус кво, објави „Nikkei“.

Во почетокот на јануари годинава, Лондон и Токио започнаа преговори за договорот, со постапката под притисок на јапонските преговарачи за брзо отстранување на тарифите за автомобили од Велика Британија. Според Трус, договорот ќе обезбеди повеќе можности за компаниите и луѓето во секој регион на Велика Британија и ќе помогне во стимулирање на економијата по невидените економски предизвици што ги поставува коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП