19 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Hyundai“ најави три електрични модели (ВИДЕО)

„Hyundai“ најави три електрични модели (ВИДЕО)

„Hyundai“ во 2015-та година официјално го креираше подбрендот за своите луксузни автомобили наречен „Genesis“, a сега тоа стана „Ioniq“, но само за електричните возила.

Од компанијата најавија три електрични модели.

Првиот ќе ја има ознаката „Ioniq 5“, а станува збор за електричен кросовер базиран на концептот „Hyundai 45“ кој минатата година имаше деби на саемот во Франкфурт.

Тој се очекува на почетокот на 2021-ва година, а другиот модел „Ioniq 6“, седан кој е базиран на концептот „Prophecy“ кој беше виден на почетокот на оваа гидна, а продикциската верзија ќе се појави дури во 2022-ра година.

„Ioniq 7“ e третиот модел кој се очекува, а тоа е електричен „SUV“ кој ќе се појави на почетокот на 2024-та година. Новите модели ќе ја користат новата платформа наречена „Electric Global Modular Platform“ (E-GMP), која ќе овозможи брзо полнење и голем домет.

„Hyundai“ го креираше подбрендот „Ioniq“ со цел да ја поддржи стратегијата „2025“ која има за цел да продава 560.000 електрични возила. Компанијата сака до 2025-та година да стане третито најголем производител на еколошки прифатливи возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП