28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроширена истрагата против Сименс за давање мито

Проширена истрагата против Сименс за давање мито

Siemens 2

Австриското обвинителство за корупција и економски криминал ја прошири истрагата против Сименс  за давање мито во земјите во југоисточна Европа, се со цел да добијат работа во областа на телекомуникацијата.

Високиот Обвинител, Кармен Приор изјави дека во фокусот на истрагата повеќе не се само поедини поранешни менаџери на Сименс кои беа под сомневање дека давале мито, туку сега е целата компанија.

„Во делото кое се однесува на казнените финансиски активности Сименс Австрија е осомничено правно лице. Со тоа Сименс сега има две улоги, во позиција на жртва во однос на обвинувањата за проневера како приватен учесник и во позицијата на осомничен во однос на недозволената финансиска активност како одговорно правно лице“, објасни Приор.

Истрагата за одговорноста на Сименс се води според австриските закони за работата на компаниите, а доколку биде докажана вина, покрај тоа што менаџерите ќе мораат да одат во затвор, постојат реални можности за наметнување на финансиски казни на самата компанија.

Приор претходно истакна дека сржта на истрагата се консултантските договори кои Сименс Австрија ги плаќала во земјите во југоисточна Европа, за кои се сомневаат дека се фиктивни.

Се сомневаат дека станува збор за прикриено плаќање на мито на политичарите кои потоа влијаеле на телекомоператорите во своите земји да се снабдуваат со опрема од Сименс.

Австриските медиуми пишуваат дека станува збор за сума од околу 50 милиони евра во Хрватска, БиХ, Србија и Бугарија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП