29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДосега до Град Скопје пристигнале 2301 онлајн апликации за субвенции за инвертер...

Досега до Град Скопје пристигнале 2301 онлајн апликации за субвенции за инвертер клими

Од почетокот на отворањето на јавниот повик на Град Скопје за субвенции за инвертери, поднесени се 2.301 апликации, а остануваат средства за уште околу 2.700 барања.

Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата.

На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП