20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали Лукашенко вака победи на изборите?(видео)

Дали Лукашенко вака победи на изборите?(видео)

На социјалните медиуми, наводно, кружи видео за една од измамите за време на изборите во Белорусија.

Откако претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, освои убедливо мнозинство од 80,23 проценти од гласовите против популарната противкандидатка Светлана Тихановскаја, која освои 9,9 отсто, во земјата почнаа да се шират немири поради повиците дека гласовите биле наместени.

Постојат неколку обвинувања, како на пример, избирачките места биле затворени пред гласачите да дојдат да гласаат, дека некои гласале пред да се отворат или дека им снемало гласачки ливчиња затоа што претходно го пополниле бројот на запишани избирачи.

Се појави видео од избирачкото место на кое се гледа како член на изборниот штаб се спушта од скала од прозорецот на втор кат со торба за која се верува дека содржи ливчиња за гласање.

Во описот на видеото се вели: „Гласачкото место 17 на Советскиот округ Минск. Поради некоја причина, членовите на комисијата се качуваат по скалите низ прозорецот од втор кат со пакети што содржат нешто што личи на кутии или документи. И сето тоа е под будното око на полицијата“.

Полициските сили, а понекогаш и полициските комбиња, контролирале бројни избирачки места. Независните анкети покажуваат дека Тихановскаја добила 71 процент од гласовите, додека Лукашенко добил само 10 проценти. Во овој момент, податоците од ниту една од страните не може да биде потврдена.

Изборите во неделата не биле набљудувани од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) затоа што не добиле покана навреме.

„Верувам во свои очи – мнозинството беше за нас“, им рече Светлана Тихановскаја на новинарите во понеделникот, по обемните извештаи за местење гласови на изборите во неделата.

Тикановска рече дека таа се смета за победник на изборите, а не Лукашенко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП