26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп го нуди својот лик на споменик

Трамп го нуди својот лик на споменик

„Лидерот на демократскиот свет“ го откри својот сон уште во 2018 година

Администрацијата на Белата куќа контактирала со гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем, за да разговара за можноста за додавање на ликот на Доналд Трамп на “Маунт Рашмор” – споменик врежан во карпата со фигурите на четворица американски претседатели: Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Абрахам Линколн и Теодор Рузвелт.

Тогаш Трамп дошол во посета на Јужна Дакота за време на прославата на Денот на независноста на 4 јули, а гувернерката вели дека претседателот со себе донел метарска долга реплика на Маунт Рашмор, во која се наоѓало и неговото лице, пишува Њујорк Тајмс.

Уште во 2018 година, американскиот претседател и навестил на Кристи Ноем дека сака да го додаде неговиот лик на споменикот.

Двајцата разговарале во Овалната канцеларија за време на посетата на гувернерката во Белата куќа во тоа време, кога Трамп и рекол дека неговиот сон е да најде на “Маунт Рашмор”, на што таа мислела дека тој се шегува.

– Почнав да се смеам. Тој не се смееше, тој беше целосно сериозен. Тој ми рече: „Кристи, дојди тука, дај ми ја раката“. Се ракувавме и јас го поканив да дојде и да ја посети Јужна Дакота: „Г-дине Претседателе, треба да дојдете на “Маунт Рашмор” со нас“. Тогаш тој ми рече:

– Дали знаете дека мој сон е моето лице да биде на “Маунт Рашмор”? – рекла тогаш гувернерката.

За време на неговата посета на 4 јули, Трамп одржал говор во кој ја бранел “Маунт Рашмор”, потенцирајќи дека тој „ќе стои засекогаш како вечна чест на нивните предци и слобода“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП