19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолговите на Американците се намалија за прв пат од 2014-та

Долговите на Американците се намалија за прв пат од 2014-та

Долговите на американските домаќинства паѓаат за прв пат од 2014-та година, покажуваат податоците на Федералните резерви на Њујорк, цитирани од „Marketwatch“.

Статистиката покажува дека долговите на Американците паднале за 34 милијарди долари, или 0,2 проценти, од април до јуни годинава. Ова е најсилниот пад од октомври 2013-та година.

Сепак, тоа не значи дека финансиската состојба на домаќинствата се подобрува или дека тие се во можност да исплатат поголем дел од своите долгови, туку повеќе е индикација дека тие сè повеќе ги намалуваат трошењата и „ги затегнуваат ремените“ во услови на криза предизвикана од ширењето на Ковид-19.

Претходно оваа недела, стана јасно дека скоро третина од Американците должат пари за пропуштени кирии или рати на нивните кредити за домовите.

Една од главните причини за генералниот пад на долгот на домаќинствата во САД е контракцијата на акумулираните салда на кредитни картички за дури 76 милијарди долари, што е нивниот најсилен пад од 2000-та година.

Контракцијата на личните долгови може делумно да се објасни со затегнување на условите од доверителите. Притиснати од кризата, банките и кредитните компании поставија поголеми побарувања за обезбедување за кредитобарателите.

Во исто време, како резултат на пандемијата, беа обезбедени можности за презакажување на долгорочните заеми, вклучително и студентските и хипотекарните заеми. Многу луѓе ја искористија оваа можност, како резултат на што статистиката покажува пад на нефункционалните кредити во скоро сите сегменти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП