19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПолска се буди: Пристигнуваат два модерни електрични автомобили (ФОТО/ВИДЕО)

Полска се буди: Пристигнуваат два модерни електрични автомобили (ФОТО/ВИДЕО)

Иако Полска е голем производител на автомобили, станува збор за фабрики на странски компании, па веста дека во оваа земја ќе се произведуваат возила од домашен бренд е вистинско освежување.

Станува збор за стартап компанијата „ElectroMobility Poland“, која се состои од четири правни субјекти од оваа земја, а е поддржана и од државата.

Па така настана брендот „Izera“, кој името го доби по една планина во југозападна Полска.

Неодамна „Izera“ претстави два прототипа на идни продукциски модели на струја – хечбек со фабрички ознаки „T100“ и „SUV Z100“.

Според планот овие две возила треба сериски да се произведуваат од 2023-та година.

Двата автомобили имаат модерен дизајн, а од полската компанија велат дека до „стотка“ забрзуваат за помалку од 8 секунди и имаат автономија на возење до 400 km.

Купувачите ќе може да изберат помеѓу две големини на батериите, а покрај полначите за домашна употреба, автомобилите ќе може да се подолнуваа со електрична енергија и со брзи полначи.

Што се однесува до механиката, „Izera“ преговара со германската компанија „EDAG Engineering“ која би требало да биде задолжена за механичката платформа.

Уште еден важен партнер во реализацијата на овој проект е италијанското дизајнерско студио „Torino Design“, кое е задолжено за визуелниот идентитет на автомобилите.

Доколку овој полски „SUV“ на некој постоечки модел, тоа е затоа што како консултант е ангажиран Тедеуш Јелец, долгогодишен дизајнер на „Jaguar“ кој работеше на моделите „F-Pace“ и „I-Pace“.

Иницијаторите на проектот сакаат нивните автомобили да не бидат премногу луксузни и скапи, туку со пристапни цени за купувачите во Полска, што е – судејќи по изгледот на прототиповите, а кога ќе се земе во предвид и цената на денешните електрични модели – малку контрадикторно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП