23 април, 2024
ПочетнаДИЕТИЛубеница диета: За 5 дена 2 кг помалку

Лубеница диета: За 5 дена 2 кг помалку

Постојат повеќе диети каде главната намирница е лубеницата. Сепак, оваа верзија е најпопуларна и дава одлични резултати во намалувањето на килограмите и чистењето на организмот.

После пет дена држење на диетата се прави пауза од една недела, а потоа по желба, може да се повтори. При држењето на диетата треба да пиете по осум чаши вода, чај или свежо цеден сок.

Појадокот е секој ден ист: Кришка лубеница и вашиот омилен утрински напиток (кафе, чај и сл… без шеќер). Една кришка претставува парче од лубеница од 300 до 350 гр.

1. Ден

Ручек: 100 гр. варено говедско месо, 100 гр. варен ориз со сос од домати, кришка лубеница.

Вечера: 50 гр сирење, 1 парче интегрален тост леб

Watermelon-Summer-Food

2. Ден

Ручек: 1 парче интегрален тост леб, 50 гр варени пилешки или мисиркини гради, кришка лубеница.

Вечера: 100 гр. риба на скара, 1 парче интегрален тост леб, сезонска салата.

3. Ден

Ручек: 30 гр. шпагети со сирење и домати, кришка лубеница.

Вечера: мешана салата од домати, краставици, пиперки, кромид и зелена салата, 50 гр младо сирење, кришка лубеница.

4. Ден

Ручек: една чинија супа од зеленчук, едно парче интегрален тост леб, 50 гр варени пилешки гради, кришка лубеница.

Вечера: 2 варени компири со пармезан, сезонска салата, кришка лубеница

watermelon-617x416

5. Ден

Ручек: 50 гр варено говедско со шампињони, едно парче интегрален тост леб, кришка лубеница.

Вечера: 50 гр младо сирење, 2 парчиња интегрален тост леб, кришка лубеница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП