2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозот намален за 24 проценти во првата половина од годинава

Извозот намален за 24 проценти во првата половина од годинава

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во перидот јануари ‒ јуни годинава изнесува 2.705.623.000 долари и бележи пад од 24 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 3.691.475.000 долари, што е за 20 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во првите шест месеци од годинава изнесува 985.852.000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот, пак, се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во првите пест месеци од годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП