22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија може полесно да ја надмине коронакризата, отколку другите земји во Европа

Швајцарија може полесно да ја надмине коронакризата, отколку другите земји во Европа

Се очекува швајцарската економија да претрпи помалку удари од пандемијата на коронавирусот од другите европски земји, објави „Reuters“, повикувајќи се на швајцарскиот економски институт „KOF“.

Иако економските услови сè уште се предизвик – приближно 14% од 4.500 испитани швајцарски компании веруваат дека нивните шанси за опстанок се изложени на сериозен ризик – податоците од „KOF“ покажуваат дека состојбата на компаниите постепено се подобрува. Изгледите на швајцарскиот пазар на трудот исто така благо се подобруваат.

Откако земјата имаше корист од својата добро развиена економија, вклучително и секторите како што се фармацевтските производи и финансиските услуги, кои не беа погодени од пандемијата, институтот ја зголеми прогнозата за годината.

Сепак, според главното сценарио на „KOF“, што исклучува нова појава на коронавирусот, годинава има пад од 4,9 проценти во бруто-домашниот производ (БДП) на Швајцарија, што е малку пооптимистички поглед од очекуваниот во јуни. Сепак, дури и со закрепнување на растот на БДП-то во 2021-ва година, швајцарската економија не се очекува следната година да се врати на стапката на раст од крајот на 2019-та.

Доколку се случи уште еден експоненцијален пораст на заболени со ковид-19, по што би барало да се затворат делови од економијата, „KOF“ очекува БДП-то да се намали за 6% во 2020-та година. Иако предвидувањата се особено мрачни, таквиот пад е значително помал од предвиденото од Меѓународен монетарен фонд за земји, како Франција, Италија и Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП