29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTоп 10: „Golf“ потворно најпродаван, „Clio“ му „дише во врат“

Tоп 10: „Golf“ потворно најпродаван, „Clio“ му „дише во врат“

Откако во еден момент францускиот модел беше најбаран во Европа, „VW Golf“ на крајот на првата половина од 2020-та сепак ја дочека на првото место.

Со 134.045 испорачани примероци во првите шест месеци од 2020-та, „Volkswagen Golf“ ја зазема првата позиција според продажбата во Европа, покажуваат резултатите кои од 44 европски пазари, од Русија до Португалија, ги собра специјализираната интернет страна „focus2move.com“.

И покрај првата позиција на „Golf“, „Volkswagen“, исто како и другите производители на автомобили нема причина да слави. Имено, во периодот од јануари до јуни продадени се за 45,9% помалку примероци на „Golf“, отколку во истиот период од 2019-та.

На второто место е „Renault Clio“ со 133.950 испорачани возила и пад од 27%, додека на трето место е уште еден „Volkswagen“, моделот „Polo“ (103.620 продадени автомобили, пад од 43,4%).

„VW“ го зазема и четвртото место на листата на најпродавани модели во Европа со „Tiguan“ (99.559; -35,8%), додека петта е „Škoda Octavia“ (93.588; -32,9%).

Зад нив следат „Ford Focus“ (88.936; -35,1%), „Peugeot 208“ (84.171; -35,4%), „Opel Corsa“ (83.009; -34,2%), „Nissan Qashqai“ (80.091; -39,4%) и „Ford Fiesta“ (72.413; -43.5%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП