28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMonsanto се повлекува од ЕУ?

Monsanto се повлекува од ЕУ?

monsanto11

Американската компанија „Monsanto“, лидер во производството на генетски модифицирана храна, ги повлекува сите барања за развој на нови типови семе во Европската унија.

Како причина, компанијата, ги наведува недоволно комерцијалните можности за таков развој.

„Ќе ги повлечеме сите барања во наредните месеци“, рече за „Ројтерс“ претседателот и управниот директор на компанијата за Европа Хосе Мануел Мадеро.

„Monsanto“ наведува дека одлуката се однесува на пет барања за одгледување на модифицирана пченка, едно барање за соја и едно барање за шеќерна репка.

Компанијата додава дека нема да го повлече барањето за обнова на дозволата за одгледување на пченка „MON810“, единствена генетски модифицирана пченка која моментално комерцијално се одгледува во Европа.

Мадеро изјави дека одлуката ќе и овозможи на компанијата да се фокусира на садењето на класични семиња во Европа, како и на осигурувањето на дозволата за увоз на генетски модифицирани организми (GMO) одгледувани во САД и Јужна Америка.

Портпаролот на Европската комисија потврди дека компанијата ја информирала Комисијата за намерата да ги повлече барањата.

Иако во ЕУ е дозволено одгледувањето на пченката „MON810“, некои земји, вклучувајќи ги Франција, Германија и од неодамна Италија, воведоа национални забрани поради силното противење на јавноста за таквиот вид на технологија.

Германската хемиска компанија „BASF“ минатата година се откажа од развојот на „GMO“ семето во Европа и целокупниот бизнис од тој сектор го префрли во САД.

И покрај јавното противење за „GMO“, Европа е еден од најголемите светски купувачи на генетски модифицирани жита и годишно увезува преку 30 милиони тони „GMO“ сточна храна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП