26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведска забележа рекорден пад на БДП-то во вториот квартал

Шведска забележа рекорден пад на БДП-то во вториот квартал

Шведска не успеа да ја избегне својата најлоша економска контракција до денес, и покрај тоа што усвои еден од најблагите пристапи во светот кон пандемијата на новиот коронавирус, пренесува „Bloomberg“.

Бруто домашниот производ (БДП) падна за 8,6% во вториот квартал, повеќе отколку што предвидуваа економистите и првичната проценка на владата (8,2%).

И додека ова е рекорден пад за земјата, тој е значително помал од падовите забележани на друго место во Европа. Шпанија досега објави најголем колапс во ЕУ – над 18 проценти, дури и во Германија – „економски мотор на блокот“, падот е од над 10 проценти.

За разлика од соседите, Шведска се воздржа од наметнување на задолжителни блокади, наместо тоа обезбеди доброволни упатства за јавното здравје. Стратегијата доведе до повисоки стапки на смртност во земјата отколку во другите земји во Северна Европа.

Новите истражувања покажуваат дека Стокхолм, исто така, не успеа да ја поддржи потрошувачката.

„Острата контракција на шведската економија во второто тримесечје потврдува дека не е имуна на ковид-19“, рече Дејвид Оксли, постар економист за Европа во „Capital Economics“.

Шведската влада коментира дека пристапот не бил за економски придобивки, туку имал за цел спроведување одржливи политики. Сепак, дури и премиерот Стефан Левен призна дека масовното тестирање требало да се започне уште од самиот почеток и дека старите лица требало да бидат заштитени.

„Сега доаѓа тешкиот дел за извозно ориентираната Шведска: Како да се опоравиме без да се влијае премногу на пазарот на труд, поради слабата глобална побарувачка“, рече економистот од „Bloomberg“, Јохана Јансон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП