3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛажна распродажба: Како не „крадат“ на попустите

Лажна распродажба: Како не „крадат“ на попустите

timthumb

Ништо не ги привлекува купувачите со толква брзина како големите натписи на излозите „намалување“, „распродажба“, „50 проценти попуст“. Според експертите вистинските намалувања непостојат, но затоа лажните распродажби се најстариот комерцијален трик кој неможе да се пропушти.

Кај нас тешко дека можат да се пронајдат вистински распродажби како оние европските. Додека гардеробата на намалување во Европа се нуди по цени пониски од барем 70 проценти, кај нас попустот едвај достигнува 30 проценти.

„Нашите 30 проценти и тие во странство не се исти, затоа што домашните трговци имаат неспоредливо поголеми маржи. Поради слабата конкуренција продавачите можат да манипулираат со лажните распродажби. Кога би постоеле големи ланци на продавници кои би ги намалиле цените и би ги превземале купувачите, и останатите трговци ќе мораат тоа да го следат“, велат експертите.

Постојат четири начини за мамење на купувачите со намалувањата.

Најзастапена е малверзацијата со огласувањето на висината на намалувањето, односно погрешната информација за тоа дали робата е навистина намалена да речеме за 70 проценти или не е. Покрај тоа чест проблем кај распродажбата е и малата количина на роба која се нуди на акција, па често се случува намалената стока многу бргу да се продаде. Притоа трговците и натаму на излозите рекламираат голем попуст, иако од таа роба нема ниту еден примерок.

Трет начин на кој трговците ги залажуваат купувачите се т.н. постојани акции. Тоа се ситуации кога на излозите на продавниците во текот на целата година стои натписот „постојано намалување од 50 проценти“. Тука е во прашање очигледна превара која непостои никаде во светот.

Во овој случај неможе да се постави прашањето од која цена се намалува 50 проценти ако намалувањето е нон-стоп.

И една од најзастапените превари е таа со зголемувањето на цената непосредно пред нејзиното намалување.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП