29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 88 случаи на коронавирус во Македонија, починаа шест лица

Нови 88 случаи на коронавирус во Македонија, починаа шест лица

Во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент од Тетово и пациент од Штип, објави министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“.

Направени се 1.507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19.

Најголем број нови случаи се потврдени во Скопје – 23, во Струга – 11, во Штип – 10 и во Куманово и Охрид по осум.

Во Македонски Брод и во Гостивар се потврдени четири нови случаи. По три нови случаи има во Прилеп и Битола.

Во Дебар, Тетово, Велес, Виница, Свети Николе и Кичево се потврдени по два нови случаи, и по еден во Кавадарци и Струмица.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти од кои најголем број се од Скопје – 57 и Свети Николе – 10.

Досега во земјата се направени вкупно 108.384 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.289, бројката на оздравени пациенти е 7.221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП