3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: Грција повторно може да добие дополнителна финансиска помош во 2014

Шојбле: Грција повторно може да добие дополнителна финансиска помош во 2014

shojble

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, кој денеска пристигнува во Атина во услови на зајакнати мерки за безбедност за што се ангажирани четири илјади полицајци, не ја исклучува можноста Грција да добие дополнителна финансиска помош, откако ќе заврши сегашниот пакет за спас на земјата во 2014 година.

Во интервју за германската телевизија ЗДФ, Шојбле изрази надеж дека Грција ќе продолжи со спроведување на реформите за излез од кризата.

– И помагаме на Грција, но јас не сум „супертројка“, заминувам во Атина на покана на грчкиот премиер (Андонис) Самарас, за да покажам дека ние веруваме во Грција, дека сакаме да ја поддржиме на нејзиниот тежок пат. Грција е на пат кој ја води земјата кон една подбра иднина, нагласи Шојбле.

Тој потсети дека кога бил одобрен финансискиот пакет за Грција јасно било дадено на знаење, дека откако ќе истече тековиот план во 2014 година ќе се процени дали земјата има потреба од нова помош.

– Тогаш ќе разгледаме нов план или ќе бидат преземени дополнителни мерки, нагласи Шојбле, додавајќи оти нема да има ново кратење на грчкиот долг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП