18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов рекорд: Сигурно „пристаниште“ во несигурни времиња

Нов рекорд: Сигурно „пристаниште“ во несигурни времиња

Вредноста на златото продолжува со целосна сила, добивајќи сè поголем интензитет. Во средата, цената на скапоцениот метал го надмина прагот од 2.000 долари за унца, поддржан од очекувањата за повеќе владини стимулации за борба против ефектите на Ковид-19 во САД.

Во моментов, вредноста е над 30% поголема од почетокот на годината, а растот веројатно ќе продолжи. Во вторникот, гувернерот на Федерални резерви во Сан Франциско, Мери Дали, изјави дека на американската економија и е потребна поголема поддршка отколку што првично се мислеше, објави „Bloomberg“.

Некои промени на пазарот на обврзници во САД, исто така, го поддржуваат “sвезденото” нагорно движење на цената на златото. Реалните приноси на 10-годишните државни хартии од вредност паднаа под нулата и достигнаа рекордно ниско ниво од -1% во вторникот.

Утринава цената на златото се зголеми за 0,14% на 2.022,29 долари за тројанска унца, откако претходно достигна над 2.031 долари. Фјучерската цена е исто така над прагот од 2.000 долари – 2.027,25 долари за тројанска унца.

Среброто исто така се зголеми, достигнувајќи 26,08 долари за унца.

„И покрај нафтените и макроекономските двигатели се во корист на златото, стапката по која се зголемуваат цените го зголемува ризикот од прилагодување“, рече Автар Санду, виш менаџер во брокерската куќа „Phillip Futures Pte“.

Министерот за финансии Стефан Манучин рече дека Белата куќа и демократите се обидуваат да постигнат договор за нова серија стимулации на владата, иако двете страни сепак се разликуваат по некои прашања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП