Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,600.00 0.8%    GRNT 1,006.66 0.26%    KMB 6,888.28 1.97%    MTUR 3,900.00 -2.5%    REPL 87,000.00 2.62%    STB 1,167.91 -1.22%    TETE 1,946.00 2.96%    TTK 1,350.00 2.27%    UNI 2,400.00 0%    ZPKO 2,575.00 3%    

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

Време: 10:38

Датум: август 5, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60 години, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Министерството за здравство соопшти дека продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи и значително зголемување на бројот на оздравени лица, во однос на претходната недела, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје објавен денеска за периодот од 27 јули до 2 август.

МЗ, исто така, соопшти дека R0 факторот на преносливост на вирусот покажува позитивен тренд на намалување, кој изнесува 0,9, а во континуитет речиси еден месец е околу 1.

Институтот за јавно здравје известува дека од 27 јули до 2 август се направени вкупно 9.709 тестирања (146 повеќе од периодот 20–26 јули) и регистрирани се 912 позитивни случаи на Ковид-19, што е за 4,6% помалку од претходната недела.

Во истиот период, благо намалување има и во проценотот на позитивни од тестирани случаи, кој изнесува 9,4% (претходната недела 10% од тестираните беа позитивни).

Новозаболени се регистрирани во 28 града, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (27,9% – бележи благо намалување три недели по ред), во Штип (12,2%) и во Гостивар (11,2%).

Во 19 градови во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Во однос на старосната структура на новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години – 22,9%, а поголем број заболени се регистрира и кај лицата на возраст меѓу 30-39 години – 19,4%. Во возрасната група 40-49 години се 17,9% од новозаболените, а во групата 50-59 години – 17,8%.

Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години – 3,1% и 10-19 години 5,0%.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 136 лица или 15,7%, а кај 277 лица или кај 32,2% регистрирано е присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број епидемиолошки истражени новозаболени 38,1% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 21 лице (исто како и претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

Во периодот 27 јули – 2 август се регистрирани 1.032 оздравени лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 378 лица или 36,6% повеќе од претходната недела (20 – 26 јули).

Во периодот 27 јули до 2 август се регистрирани 29 смртни случаи, што е намалување од 14,7%, во однос на минатата недела. Најголем дел од случаите се лица над 60 години – 75,9%. Во болнички услови се починати 24 од случаите, а пет вон болнички.

Кај 23 од смртните случаи (79,3%) се регистрирани претходни коморбидитети.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Од понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии

    Од понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии

    Oд понеделник, 28.9.2020 година, почнува етапната исплата на септемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно…

  • Јавниот долг на Велика Британија достигна рекордно ниво

    Јавниот долг на Велика Британија достигна рекордно ниво

    Британските јавни заеми се зголемија на 35,920 милијарди фунти (45,8 милијарди долари) во август, што е рекордно високо ниво за месец, иако е под пиковите…

  • Европската комисија прави чекор напред во регулирањето на криптовалутите во блокот

    Европската комисија прави чекор напред во регулирањето на криптовалутите во блокот

    Како дел од новата иницијатива презентирана во четвртокот, Европската комисија ќе утврди јасни правила за криптовалутите, кои честопати не спаѓаат во рамките на традиционалното финансиско…

  • Прометот кај услугите во вториот кварал со пад од 34,8 отсто, кај туристичките агенции и туроператори од 99 отсто

    Прометот кај услугите во вториот кварал со пад од 34,8 отсто, кај туристичките агенции и туроператори од 99 отсто

    Прометот од продажба на услугите во второто тримесечје од годинава во однос на истиот период лани забележува пад од 34,8 отсто, објави Државниот завод за…

  • Мурињо: Помислив дека сум пораснал, но всушност голот беше за пет сантиметри понизок

    Мурињо: Помислив дека сум пораснал, но всушност голот беше за пет сантиметри понизок

    “Помислив дека сум пораснал, но всушност голот беше за пет сантиметри понизок. Голманите тоа веднаш го забележаа затоа што живеат меѓу стативите. Дојде делегатот и…

  • Меси кон Суарез: Не заслужи да се однесуваат така со тебе

    Меси кон Суарез: Не заслужи да се однесуваат така со тебе

    Капитенот на Барселона, Лионел Меси преку социјалните мрежи денес се прости од својот поранешен соиграч Луис Суарез, со кого е голем пријател. – Кога денес…

  • ГРЕКО цени дека Македонија напредува во борбата со корупцијата

    ГРЕКО цени дека Македонија напредува во борбата со корупцијата

    Новиот извештај на ГРЕКО нотира напредок во борбата со корупцијата во Македонија. „Ја напуштивме групата на глобално незадоволителни држави. Ова е голем упех за нас…

  • Нашиот северен сосед Србија со просечна плата од над 511 евра

    Нашиот северен сосед Србија со просечна плата од над 511 евра

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека со гордост може да им каже на граѓаните дека просечната плата во јули, среде пандемија на коронавирусот беше…

  • ФИТР и УНДП потпишаа договор за дигитализација на општините – пилот фаза

    ФИТР и УНДП потпишаа договор за дигитализација на општините – пилот фаза

    Фондот за иновации и технолошки развој и УНДП (Програма за развој на Обединетите Нации) ќе работат на дигитализација на услугите што ги нудат општините за граѓаните. Проектот…

  • Насмеаните луѓе живеат подолго и заработуваат повеќе

    Насмеаните луѓе живеат подолго и заработуваат повеќе

    Истражувањата покажуваат дека луѓето кои повеќе се смеат живеат подолго, заработуваат повеќе и другите повеќе им веруваат. Луѓето кои искрено се смеат им испраќаат порака…