Над 2.750 тони амониум нитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика страотна експлозија во која загинаа над 70 лица, а 4000 се повредени.
Амониум нитратот бил во магацините од 2014-та година и никој не го проверувал цели шест години. Истрагата е во тек за тоа што точно се случило. Претседателот Мишел Аун, на Твитер напиша дека „не може да прифати што 2.750 тони амониум нитрат бил складиран небезбедно цели шест години“ и бил темпирана бомба.
Амониум нитрат се употребува за правење на експлозиви и полнење на гранати, се употребува за огномети и за исфрлање на огнометите. Не се продава на пазарот бидејки со него се прават експлозиви.
Експлозијата била толку силна што ја слушнале и жителите на Кипар, кој е 240 километри одалечен од Бејрут.