23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗастрашувачка снимка од страотната експлозија во Бејрут(видео)

Застрашувачка снимка од страотната експлозија во Бејрут(видео)

Најмалку десет лица загинале во експлозијата во Бејрут што, според најновите информации, се случила во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан.

Локалните медиуми пренесуваат дека силниот бран на експлозијата се почувствувал и до 10 километри од епицентарот на експлозијата.

Гувернерот на Бејрут, Марван Абуд, инцидентот го нарекол најголема национална катастрофа што се случила во Либан.

https://www.facebook.com/WeLoveLebanonn/videos/352823852386128

„Ова е национална катастрофа. Во животот не сум видел поголема катастрофа. Не знам како ќе се справиме со ова. Мора да останеме силни и храбри“, рекол тој.

Експлозијата се случила во близина на куќата на поранешниот премиер на Либан Саад ал-Харири која претрпела голема материјална штета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП