19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова студија: Луѓето можат да го пренесат коронавирусот на мачките и кучињата

Нова студија: Луѓето можат да го пренесат коронавирусот на мачките и кучињата

Студија на италијански научници покажала дека луѓето можат да го пренесат коронавирусот на мачките и кучињата. Во студијата се испитани 540 кучиња и 277 мачки, кои живеат во домаќинства во северна Италија, посебно во Ломбардија.

Научниците откриле антитела на коронавирус во 3,4 проценти од кучињата и 3,9 проценти од мачките, што укажува на тоа дека биле заразени со вирусот. Брисевите со активната вирусна инфекција биле негативни кај сите животни, бидејќи временскиот период на неговото ширење завшрил по две недели. Тестирањата се спроведени од март до мај оваа година.

Томас Метенлејтер, раководител на германскиот Државен институт за истражување на здравјето на животните, изјавил дека резултатите покажуваат дека е можен преносот меѓу луѓето и животните.

„ Овие резултати го потврдуваат тоа што го знаевме од претходно“ рекол Метенлејтер предупредувајќи дека се работи за студија која се уште не поминала рецензија.

Тој додал и дека поголем дел од студијата е без преседан бидејќи било тешко да се дојде до примероци. Појаснил дека повеќето тестирани животни доаѓаат од домаќинства зафатени со коронавирус, што значи дека заразата генерално се пренесува од луѓе на животни.

Сепак, мачките и кучињата не играат значајна улога во ширењето на вирусот и здравите луѓе не би требало да ги ограничуваат контактите со своите миленици, рекол германскиот научник.

Лицата пак заразени со ковид-19 би требало да постапуваат спротивно, односно, да се воздржат од контакти со милениците, иако засега нема индиции по кои животните би можеле смртно да настрадаат од вирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП