18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловак заработува 2 милиони евра годишно

Словак заработува 2 милиони евра годишно

evro3

Најголема плата меѓу вработените Словаци има неименуван банкар кој за една година успеал да заработи два милиони евра.

Тој се најде меѓу 3.000 најбогати банкари во ЕУ чија годишна плата преминува милион евра.

Словачка има само уште еден човек меѓу најбогатите банкари во Европа.

Словачкиот весник „Правда“ во денешното издание пресмета дека најбогатите вработени Словаци со својата месечна заработка можат да купат два стана во престолнината, додека пак просечниот Словак го отплаќа кредитот за трособен стан речиси целиот свој работен век.

Веста за најголемата годишна заработка токму за банкарите предизвика огорчување и бројни гневни коментари на интернет.

Просечната месечна бруто плата во словачкиот банкарски сектор во 2012 година изнесувала 1.175 евра, а просечната плата на Словаците кога се пресметуваат сите можни бонуси и провизии кои не влегуваат во основната плата, не преминува преку 927 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП