19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Audi: Секој нов „RS“ модел ќе биде електрифициран

„Audi: Секој нов „RS“ модел ќе биде електрифициран

Според зборовите на Ролф Михл, директорот за маркетинг и шеф на продажба во „Audi“, сите идни „RS“ модели ќе бидат електрифицирани.

Михл во интервју за „Autocar“ ги откри плановите на „Audi“ кои вклучуваат благ хибриден, „plug-in“ хибриден и електричен погон, а целта е да се поедностават работите за купувачите.

Интересно, но „RS6 Avant“ е единствениот нивен електрифициран автомобил.

Во ваквиот караван со високи перформанси „Audi“ вгради 48-волтен хибриден систем со 4.0-литарски твин-турбо „V8“ мотор кој развива 591 Kѕ и 800 Nm вртежен момент.

Автомобилот забрзува од 0 дo 100 km/h зa 3,6 секунди пред да ги достигне максималните 250 km/h. Моќта се пренесува преку осумстепениот „Tiptronic“ менувач и „Quattro“ погонот на сите четири тркала.

Сепак, „Audi“ полека го развива својот план чија цел е во понудата да ги вметне „plug-in“ хибридните и електричните погони во „RS“ моделите кои би требало да се појават на пазарот до 2023-та година во форма на „plug-in“ хибридниот модел „RS4“ и „E-Tron GT RS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП