23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„HSBC“ предупредува на големите заостанати кредити - профитот падна за 82%

„HSBC“ предупредува на големите заостанати кредити – профитот падна за 82%

Британскиот доверител „HSBC Holdings Plc“ не успеа да ги исполни очекувањата за својот профит, бидејќи најголемата банка во Европа сигнализираше продлабочување на загубите од кредитите, погодени од негативното влијание на пандемијата со коронавирусот.

„HSBC“ се соочува со сериозни предизвици уште од почетокот на пандемијата што ги погоди нејзините глобални операции, потсетува „Bloomberg“. Ова доведе до пад на профитот на мало и корпоративно банкарско работење, делумно компензирано со зголемувањето на приходите на нејзината пазарна единица.

Банката ја зголеми својата прогноза за загубата на лошите кредити за 2020-та година од 8 на 13 милијарди долари.

„Резултатите од првата половина од годината беа погодени од пандемијата со ковид-19, пониските каматни стапки, зголемениот геополитички ризик и зголеменото ниво на нестабилноста на пазарот“, рече извршниот директор на „HSBC“, Ноел Квин.

Застојот во работењето на банката ќе го зголеми притисокот врз Квин да го забрза планираниот „ремонт“, што се очекува да доведе до затворање на 35.000 работни места бидејќи банката има за цел да го промени трендот во единиците со ниски приходи.

Квин изјави дека банката во моментов ги разгледува за забрзување на плановите кои беа најавени во февруари и разговара за дополнителни мерки за зајакнување на финансиските перформанси.

„HSBC“, која генерира голем дел од своите приходи во Азија, последниве месеци е под притисок, додека се обидува да ги балансира во услови на влошување на кинеско-американските политички односи и растечките тензии во Хонг Конг. За да ја зголеми својата профитабилност, банката има за цел да ги фокусира своите активности во Азија и региони, освен Европа и Соединетите држави.

Добивката во вториот квартал на „HSBC“ падна за 57 проценти во однос на претходната година, додека очекуваните загуби од кредити достигнаа 3,8 милијарди долари. Прилагодената добивка пред каматата и даноците достигна 2,59 милијарди долари, што е помалку од очекувањата на аналитичарите за профит од 2,94 милијарди долари.

Приходите на банката од бизнисот за управување со богатството и приватното банкарство паднаа за 12 проценти за кварталот, додека во трговијата падот достигна 14%. Како и конкурентските банки, забележа раст на заработката од 24% од тргувањето со акции во услови на нестабилни пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП