Тековната финансиска политика на американските власти ја поткопува довербата во доларот и ги принудува инвеститорите да купуваат злато што е можно поактивно. Ваквиот коментар го објави една од најголемите светски инвестициски банки во светот, „Goldman Sachs“, пишува „Bloomberg“.
Аналитичарите на „Goldman Sachs“ велат дека стравувањата од инфлација во земјата нагло се зголемија. Дебатата се смени за време на очекуваната одлука на Конгресот за нова рунда фискални стимулации за зајакнување на економијата.
Во тековната година, Федералните резерви (ФЕД) веќе го зголемија своето салдо на 2,8 трилиони долари. „Goldman Sachs“ зборуваше отворено за последиците од ваквите стимулации. Аналитичарите препознаваат и презентираат поширока слика што ја рефлектира инфлацијата.
Банката објави дека цената на златото ќе се искачи на 2.300 долари за унца во оваа година, што е значително повеќе од претходно објавениот рекорд – две илјади долари. Во моментов, главното средство за зачувување на средства веќе порасна на 1.950 американски долари. Паѓањето на реалните каматни стапки во САД може да ја наметне цената на златото на рекордно ниво, велат банкарите.
На крајот на јули, доларот падна на двегодишно ниско ниво во однос на еврото. Трендот се засили кога Европската унија објави план за закрепнување на економијата вреден 750 милијарди евра.
Во јуни, поранешниот претседател на инвестициската банка „Мorgan Stanley“ и професорот од универзитетот Јеил, Стивен Роуч предвиде дека доларот ќе изгуби третина од својата вредност во 2021-2022 година. Тој ја објасни својата прогноза со акумулираните проблеми на американската економија.