26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција забележа историски пад од 13,8 проценти

Франција забележа историски пад од 13,8 проценти

Франција забележа историски пад на бруто-домашниот производ од 13,8 проценти во вториот квартал поради епидемијата од коронавирус, објави денеска институтот Insee.

Од кога се мери француската економска активност квартално, институтот не забележал таков пад.

Институтот исто така ги ревидираше податоците за првиот квартал, кога според новата проценка економијата паднала за 5,9 проценти, наместо 5,3 како што беше првично соопштено.

Падот на економската активност сепак е помал од очекуваниот од повеќето аналитичари на самиот институт, односно 17 отсто.

„Негативните показатели на БДП во првата половина на 2020 година се поврзани со стопирање на активности кои не се неопходни во контекст на мерките за изолација, воведени помеѓу средината на март и почетокот на мај“, се вели во соопштението на институтот.

Како што се наведува, постепеното укинување на ограничувањата доведува до постепено продолжување на економската активност во мај и потоа во јуни, по најниската точка достигната во април.

Најголем квартален пад на БДП пред кризата со коронавирусот е забележан во Франција во вториот квартал од 1968 година, поради генералниот штрајк во мај, но следува закрепнување, и раст од осум проценти во текот на летото.

Овој пат, се очекува закрепнувањето да биде силно колку и падот на економијата. Институтот Insee предвидува раст на БДП од 19 отсто во третиот квартал, институтот Natiksis раст од 16 отсто и Банката на Франција 14 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП