4 јули, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПандемија? „Apple“ објави рекордни приходи и профит за вториот квартал!

Пандемија? „Apple“ објави рекордни приходи и профит за вториот квартал!

„Apple Inc.“ објави многу посилни финансиски резултати од очекуваните за вториот квартал од 2020-та година. За време на карантинот, потрошувачката на електронски уреди ширум светот се зголемила бидејќи многу луѓе беа принудени да работат и да се забавуваат од дома, како резултат на што значително се зголеми продажбата на „iPhone“, „iPad“ и „Mac“, пишува „Bloomberg“.

Акциите на американскиот технолошки гигант се зголемија за 6,3% по завршувањето на официјалната трговска сесија синоќа на скоро 410 долари по акција.

Компанијата исто така објави дека ќе ги подели своите акции во сооднос 4 спрема 1, а новите модели на „iPhone“ ќе бидат објавени неколку недели подоцна од вообичаеното.

Вкупниот приход од фискалниот трет квартал на „Apple“ беше 59,7 милијарди долари, што е рекорд за овој период од годината. На годишна основа, тие се зголемија за 11% и значително ги надминаа прелиминарните прогнози на аналитичарите, кои очекуваа малку повеќе од 52 милијарди американски долари.

Нето-добивката за кварталот изнесува 11 милијарди долари и се зголеми за 12% на годишна основа.

Се чини дека ограничувањата наметнати за време на пандемијата не само што не влијаеле негативно на продажбата, туку дури и ги поддржувале. Милиони луѓе ширум светот решија да купат нови уреди за да останат поврзани со нивните семејства, пријатели и колеги.

„Во време на неизвесност, овие резултати се доказ за важната улога што ја играат нашите производи во животот на луѓето“, рече Тим Кук, извршниот директор на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар