18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Постои реален ризик од банкрот на малите компании

Лагард: Постои реален ризик од банкрот на малите компании

Постои „реален ризик“ дека малите и средни претпријатија ќе банкротираат пред крајот на годината, додека опасноста за поголемите компании ќе биде тешка во 2021-ва година.

Ова беше речено во интервју за францускиот весник „Le Courrier Cauchois “ од гувернерот на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

Европската централна банка мора да ја одржи својата „безбедносна мрежа“ барем до јуни 2021-ва година за поддршка на економијата на еврозоната, рече гувернерката, осврнувајќи се на програмата за откуп на обврзници на банката.

„Навистина треба да ја одржуваме „мрежата за безбедност“ и многу привлечни финансиски услови барем до јуни 2021-ва година за да и помогнеме на економијата“, рече таа во интервјуто.

Лагард истакна дека затоа ЕЦБ во јуни одлучи да го зголеми обемот на средства од 750 милијарди на 1.350 милијарди евра за да продолжат со откуп барем до јуни 2021-ва година (првичниот датум на завршување беше крајот на 2020-та година).

„Мора да ја предвидиме можноста за поддршката да продолжи и по 2020-та година. Навистина треба да ја одржиме безбедносната мрежа и привлечните услови барем до јуни 2021-ва година“, објасни гувернерката во разговорот.

Програмата од 1.350 милијарди евра е привремена, флексибилен пакет кој игра многу важна улога – тој има за цел да ја стабилизира економијата на еврозоната и да помогне да се избегне финансиската фрагментација, рече Лагард.

Што се однесува до пакетот за заеми, сè уште не се дистрибуирани, објаснува таа. „Овие се насочени заеми за реалната економија, со многу привлечни каматни стапки. Ние сакаме да ги охрабриме банките да продолжат со кредитирање во ист обем како пред кризата. Во исто време, француската држава – како и другите влади во еврозоната – обезбеди гаранции за овие заеми. Таа им порача на банките: „Ако дадете заем на компанијата Х, ви ја нудиме нашата гаранција против ризикот од неисполнување на обврските и ЕЦБ ви дозволува да го финансирате овој заем со многу привлечна каматна стапка“. Така, банките добиваат двојна предност: финансирање од ЕЦБ по многу ниски каматни стапки и државна гаранција. Ова значи дека постои минимален кредитен ризик. Требаше да се направи. Во спротивно, постои ризик банките да ги исклучат „вентилите“ (на заеми)“, додаде Лагард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП