1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенечките банки во првите пет месеци загубиле 117 милиони евра

Словенечките банки во првите пет месеци загубиле 117 милиони евра

bankaslovenije1

Банката на Словенија ги објави податоците за активностите на банките во првите пет месеци од оваа година.

Според неофицијалните податоци, вкупната загуба пред оданочувањето изнесува 117 милиони евра.

Словенечкиот банкарски состав во април покажа загуба пред оданочувањето во износ од 41,5 милиони евра. Силната загуба во првите пет месеци од 2013 година во најголем дел е резултат од падот на нето приходите од каматата од 21 процент, како и од високите трошоци од вредносното усогласување и резервациите.

Вкупните средства на словенечкиот банкарски сектор се зголемени за 380 милиони евра, откако во април беа намалени за 450 милиони евра.

Во мај продолжи падот на депозитите на населението, кои се намалија за 81 милион евра, што е значително помалку во однос на намалувањето од 273 милиони евра во април, пренесува Франс Прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП