27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити

Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити

Во јуни 2020 година, продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, којашто оствари месечен и годишен пад од 0,03 п.п. и 0,39 п.п., соодветно и изнесува 4,80%. Просечната каматна стапка на вкупните депозити оствари минимален месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 1,09%, додека на годишна основа таа се намали за 0,32 п.п.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во јуни, изнесува 3,94%, по забележан месечен раст од 0,02 п.п. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,76 п.п.

Кај просечната каматна стапка на новопримените депозити е остварен месечен раст од 0,02 п.п. и изнесува 0,64%, додека на годишно ниво е забележан пад за 0,51 п.п.

Каматни стапки на корпоративниот сектор

Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, во јуни, изнесува 3,93% и на месечно ниво е пониска за 0,04 п.п. Промената се должи на падот кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,04 п.п.) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п.). Споредено на годишно ниво, оваа каматна стапка е
намалена за 0,52 п.п.

Во јуни, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор бележи месечен пад од 0,03 п.п. и изнесува 3,68%. Падот е резултат на пониските каматни стапки на кредитите во странска валута (за 0,53 п.п.) и денарските кредити со валутна клаузула (за 0,07 п.п.), додека каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула бележат раст (за 0,15 п.п.). На годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е пониска за 0,61 п.п.

Овој месец, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголеми за 0,03 п.п. во споредба со претходниот месец и изнесува 1,27%. Нагорната промена целосно се објаснува со зголемувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,06 п.п.), додека каматните стапки на депозитите во денари со и без валутна клаузула бележат пад (за 0,14 п.п. и 0,01 п.п., соодветно). Во споредба со истиот период претходната година, оваа каматна стапка е намалена за 0,34 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити5 на корпоративниот сектор, во јуни, забележа месечен раст од 0,09 п.п. и изнесува 0,43%. Притоа, растот целосно се должи на повисоките каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,18 п.п.), при остварен пад на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,52 п.п.). Oвој месец, банките и штедилниците не примиле денарски депозити со валутна клаузула. Анализирано на годишно ниво, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор забележа пад од 0,53 п.п.

Каматни стапки на домаќинствата

Во јуни 2020 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,63%, по забележан минимален месечен пад од 0,01 п.п. Падот е резултат на намалувањето кај сите компоненти на каматната стапка, и тоа: каматната стапка на кредитите во странска валута (0,03 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п., соодветно). На годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,29 п.п.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, овој месец, бележи минимален месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 4,42%. Промената се објаснува со падот на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,07 п.п.) и денарските кредити без валутна клаузула (за 0,05 п.п.), во услови на раст на каматната стапка на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,06 п.п.). Каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е пониска за 0,80 п.п., споредено на годишна основа.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во јуни, е намалена за 0,01 п.п. на месечно ниво и изнесува 1,07%. Падот се должи на надолната промена на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,01 п.п.), додека каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула и депозитите во странска валута се непроменети. Анализирано на годишна основа, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е намалена за 0,31 п.п.

Во јуни, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата7 се намали за 0,06 п.п., во споредба со претходниот месец и се сведе на 0,85%. Надолната промена е резултат на намалената каматна стапка на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,26 п.п.), додека каматната стапка на депозитите во странска валута бележи раст (за 0,10 п.п.). Каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула изнесува 1,45%, за разлика од претходниот месец кога банките и штедилниците не примиле ваков вид депозити. На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,40 п.п.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП