3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYahoo со Мајер и губи и добива

Yahoo со Мајер и губи и добива

yahoo

Профитот на „Yahoo“ во второто тромесечие од оваа година е зголемен за 46 проценти или на 331 милион долари, додека приходите се намалени за 7 проценти или на 1.14 милијарди долари.

Компанијата во соопштението ги намали прогнозите за приходите за цела оваа година. Резултатите на „Yahoo“ беа објавени во моментот кога се навршуваше една година од доаѓањето на Мариса Мајер на функцијата ?Генерален директор.

Податоците од работењето не им даваат на инвеститорите многу причини за славење. Тие всушност покажуваат дека профитот расте, но компанијата сепак не успева да се избори со конкурецијата, „Google“ и „Facebook“ кои се многу поуспешни од нив на пазарот на огласувањето со кој се обезбедува поголем дел од приходите на интернет компанијата.

Акциите на компанијата од доаѓањето на Мајер се зголемија за речиси 70 проценти.

Некои аналитичари сугерираат дека „Yahoo“ добро заработува од своите инвестиции од пред осум години во кинеската интернет компанија „Alibaba“. Тие тврдат дека таа го подобрува профитот на целата групација.

„Yahoo“ заработи повеќе пари од своите инвестици во „Alibaba“ и „Yahoo Japan“, отколку на американскиот пазар. Со отфрлањето на провизијата, приходите на компанијата паднаа за еден процент и останаа под очекувањата на аналитичарите.

Тоа е прв пат од кога Мајер дојде на оваа функција нето-приходите да забележат пад. Компанијата поради лошата состојба на пазарот со реклами ги намали приходите за цела година од 4.45 милијарди до 4.55 милијарди долари. Пред тоа ти е прогнозираа добивка од 4.5 до 4.6 милијарди долари.

Мајер и покрај слабите приходи наведе дека има доверба во компанијата. Таа неколку пати изјави дека ќе бидат потребни две-три години додека приходите од реклами почнат да растат како кај останатите компании.

Во меѓувреме таа има намера да се посвети на подобрување на моралот на вработените и привлекување на нови експерти, воведување нови технологии и производи. По тој пат таа тргна и од самото доаѓање на челото на „Yahoo“ и веќе објави 17 аквизиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП