29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦела Европа се маскира, Холанѓаните тераат контра

Цела Европа се маскира, Холанѓаните тераат контра

Додека во поголемиот дел од Европа се налага носење маски за сузбивање на ширењето на заразна болест COVID-19, во Холандија сè уште не се препорачува носење маски на јавни места. Холандските власти веруваат дека ефективноста на покривање на лицето за сузбивање на заразата не е докажана, објави Politico EU.

Тамара ван Арка, холандската министерка за здравство, изјави дека по средбата со медицински експерти и градоначалници, „од медицинска перспектива не е докажана ефективноста на маските, па одлучивме да не воведеме национална обврска“.

Бидејќи бројот на заразени во Холандија е во пораст, каде минатата недела се пријавени речиси 1.400 нови случаи, за 342 повеќе отколку во претходната недела, градоначалниците на Амстердам и Ротердам минатата недела најавија воведување задолжително носење маски во сообраќајните области на тие градови.

Ван Арка изјави дека градовите се слободни да „експериментираат со мерки“, што вклучува и задолжително носење маски, доколку сметаат дека е потребно.

Белгискиот виролог Марк ван Ранст ја предупреди холандската влада дека ќе мора да воведе задолжително носење маски во сообраќајните области ако Холандија сака да избегне целосна забрана за движење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП