24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на златото расте, Русија ги зголемува меѓународните резерви

Цената на златото расте, Русија ги зголемува меѓународните резерви

Меѓународните резерви на Русија за само една недела од 17 до 24 јули се зголемиле за 1,5 проценти (8,7 милијарди долари), и сега изнесуваат 582,7 милијарди долари.

Ова се наведува во документите на Централната банка, а забележуваат дека до растот дошло под влијание на порастот на цената на златото.

Меѓународните резерви се состојат од високо ликвидни странски средства со кои располага Централната банка и Владата на Русија – од странски валути до монетарно злато.

Потсетуваме, на 27 јули на берзата во Јоханесбург цената на златото достигна рекордна вредност – 1945 долари за унца. Експертите ваквиот раст го објаснија со проблемите на доларот поради тензиите помеѓу САД и Кина, како и зголемувањето на бројот на заразени со COVID-19 во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП