24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАWall Street падна по рекордното потонување на американскиот БДП

Wall Street падна по рекордното потонување на американскиот БДП

На Wall Street во четвртокот индексите Dow Jones и S&P 500 паднаа, откако беше објавено дека во вториот квартал американската економија поради корона кризата забележа најголем пад во историјата, а инвеститорите беа вознемирени и од идејата за одложување на претседателските избори во САД.

Dow Jones ослабе за 225 поени, или 0,85 проценти, на 26.313 поени, додека S&P 500 падна за 0,37 проценти, на 3.246 поени. Nasdaq индексот, во меѓувреме, се зголеми за 0,43 проценти на 10.587 поени.

Падот на Dow Jones и S&P 500 индексите дојде откако американската економија во второто тримесечје потона за 32,9 проценти во однос на истиот период минатата година, што е негов најголем пад од 1947 година, односно откако започнаа да се водат податоци.

Ваквиот пад на БДП е трипати поголем од претходниот рекорден пад од 10 проценти во вториот квартал од 1958 година.

И на европските берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонски FTSE ослабе за 2,31 процент, на 5,989 поени, додека франкфуртски DAX падна за 3,45 проценти, на 12.379 поени, а париски CAC 2,13 проценти, на 4.852 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП